Нова монографија за животот во југоисточниот регион од праисторијата до денес подготвува струмичкиот арехолог и истражувач Зоран Рујак. Идејата се родила минатата година кога Завод и музеј Струмица ја реализираше изложбата за праисторијата во струмичко-радовишкиот регион. Трудот би требало да биде документ што ќе го потврди културниот и цивилизациски континуитет во овој дел на Македонија.
Според Рујак, со овој труд ќе се заокружи културно-историскиот идентитет на цел еден регион во чие минато досега иало многу празнини и нејаснотии.
Рујак засега сам работи на овој обемен труд. Се надева дека како што напредува проектот ќе се приклучи некој колега, но во овој регион малку се истражувачите кои се бават со овој период, односно со праисторијата. Во Југоисточниот регион тој е единствен покрај Бобан Хусеновски од Гевгелија кој во одреден период се занимавал со праисторијата, но, тој веќе заминува во пензија.
Сузана Мицева