Рестрикции ќе има, но не како во изманитите шест месеци, бидејќи мерките за намалување на долговите престануваат да важат. Најголемото комунално претпријатие на истокот , штипски Исар со децении се дави во долгови, а лани изнесуваше околу 3,5 милиони евра. Причината за ваквата состојба е што во изминатите 30 години во оваа претпријатие се вработуваа лица по партиски клуч од сите партии, кои ја имаа локалната власт, па еден работник има и по неколку шефови. Директорот на комуналното претпријатие „Исар“, Кирил Зајков е дециден дека годинава нема да распише огласи за вработување во администрација, кои се испразнети по основ на пензионирање.
Штип меѓутоа она што ние го согледавме како Јавно претпријатие е дека дел од мерките ние и понатаму како деловна политика ќе ги спроведуваме. Ќе се внимава на реалната потреба за ангажирање на работници со прекувремено ангажирање за работа. Тоа се финансиски средства за коишто мораме да бидеме внимателни како ќе ги организираме, вели Зајков.
Како предизвик и понатаму е нормалното водоснабдување на градот. За реконструкцијата на старата водоводна мрежа потребни се неколку милиони евра.
Благодарение на ангажираноста на сите вработени во рамки на Јавното претпријатие, бележеше голем раст на активности, односно на реконструкција на водоводни и канализациони мрежи, повеќе од тоа што беше предвидено како работни активности за 2023. Можам да бидам критичен во делот на менаџирањето со отпадот. Имаше одредени предизвици, и во 2024 година ќе ги имаме. Не бараме оправдание зошто е тоа така, но сметам дека навиките на сите нас мора да ги менуваме за да имаме поуспешен процес на менаџирање со отпад, рече Зајков.
Штипски „Исар“ годинава има буџет од 270 милиони денари, но поголем дел од овие средства одат за плати и намалување на долговите.
Викторија Димитрова Јованова