43-годишник од Република Албанија вчера бил пронајден починат во објект на фирмата во која работел во тетовското село Порој. Случајот околу 19 часот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по што пристигнала екипа на Брзата помош, но за жал само ја потврдиле смртта. Причината поради која работникот починал треба да ја покаже обдукцијата.
Од извори на истрагата, првичните информации говорат дека на безживотното тело немало траги на насилство.
,,Oд страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. Телото на починатиот е предадено на обдукција.” – велат од МВР.
Инаку во тетовско-гостиварскиот регион често се ангажираат работници од соседна Албанија, кои најчесто работат во градежништвото и во земјоделско-сточарската дејност. Најчесто лицата се од пограничните села, кои заради поголема заработувачка доаѓаат да бараат работа во земјава.
Данијела Билбилоска