Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија објави на својот Фејбук профил поздрав од учениците по македонски јазик во средното училиште Таканава во Токио.
„Учениците во средното училиште Таканава во Токио го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор г. Томоки Аојама“, пишува во објавата од јапонската амбасада.
Во видеото погледнете ги честитките за среќа во Новата година од младите ученици.