Вести Македонија Топ вести

(видео)Повозрасен маж утрово загина во пожар во стан во скопската општина Аеродром, пожарникарите спречија ширење на огнот

Седумдесет и шест годишен маж од скопски Аеродром го загуби својот живот во пожар кој изби во неговиот стан. Миризбата од чадот која се ширеше од станот од шестиот кат ги исплаши соседите.

Според информациите од соседите пожарот настанал рано утринава поради спој на кабли кај телевизорот. Повик за помош бил упатен од соседите до Центарот за управување со кризи.

„Утрово во 6.33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром“, соопштија од цук.

Снимките кои ни ги испратија граѓаните од соседните згради покажуваат дека додека интервенирале Противпожарните возила остантите возила не можеле да се движат. Иако улицата е многу тесна тимовите на Противпожарната бригада, Итната медицинска помош и полицијата сепак успеале да пристигнат до зградата навремено.

Екипите на Противпожарна бригада веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири во другите станови.

„Веднаш се упатени седум противпожарни возила со петнаесет пожарникари. Со самото пристигнување на лице место преземени се сите активности за гаснење на пожарот и евакуација на останатите станари кои беа загрозени од самиот пожар. Пожарот е за кратко време ставен под контрола без да се дозволи да се прошири во соседните станови , иако пламените јазици веќе беа излезени надвор низ прозорците“, изјави Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека едно лице го загубило својот живот во пожарот.

„Утрово околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76)“, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат во 8.35 утрово, а во моментот се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе