Вести Македонија

Запленети 248 грама злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

На граничниот премин Табановце биле запленети 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи.

Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при што кај двајцата се пронајдени купчиња злато. Едниот од патниците околу вратот носел една црна врвка и еден ланец на кои биле прикачени два купа готов златен накит со тежина од 201,82 грама што биле смотани во креп трака. Другиот патник на вратот носел ланец на којшто имал прикачен куп од повеќе прстени со тежина од 46,48 грама, соопшти денеска Царинската управа.

Стоката, како што е наведено во соопштението, е привремено одземена, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, при што против едниот од патниците ќе биде поднесена кривична пријава, а против другиот прекршочна.

Царинската управа во рамки на своите надлежности презема мерки за сузбивање на шверцот и сивата економија. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе