Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за непотизам во здравство, министерот Меџити одби да коментира

Министерот за здравство, Фатмир Меџити одби да ги коментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека неговиот кабинет е „дувло на непотизам“.

Опозицијата тврди дека Меџити си ги вработил сестрата и братот на сопругата во својот кабинет, а како негови советници биле ангажирани синот на директорот на Клиниката за урологија, ќерката на директорот на Клиниката за очни болести и близок роднина на Арбен Таравари.

Сопругата на министерот за правда, Кренар Лога, пак, според нив, е вработена на Клиниката за стоматологија. Обвинија и за други бројни вработувања на блиски луѓе на високи позиции без искуство, но министерот негира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе