Вести Македонија

ВИДЕО: Се корне вратата на пасошко во Скопје каде се подигнуваат нови лични документи, огромни редови и турканици во објектот

(слика преземно од инстаграм профил на vidivaka)

Веб платформата vidivaka објави видео од објектот во МТВ, во Управниот оддел на МВР каде се предаваат готовите лични документи.

На видеото се гледа како се корне вратата, а има и турканица и врисоци на луѓе кои се во огромниот ред граѓани кои чекаат за нови документи. Поснаодливите успеваат да ги прескокнат другите во редот и да го „прелажат“. Луѓето незадоволни негодуваат, а нема никој да го одржува редот во просторот.

Хаосот трае подолг период, а на крај на видеото се гледа како искршената врата се затвора.

Во продолжение видеото на vidivaka.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Види Вака (@vidivaka)

Полицијата потврди дека имало инцидент за што е осомничен 50-годишен граѓанин.

-Денеска во 13.35 часот во објектот на Одделот за управни работи во зградата на МРТВ е констатирано нарушување на јавниот ред и мир од А.А. (50) и сочинет е Записник за констатиран прекршок, одговори МВР.

Наместо до февруари, замена на личните документи до есен – властите најавуваат продолжување на рокот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе