Вести Македонија

Меџити повикува децата да се вакцинираат затоа што тоа спасува животи

Повикуваме на вакцинација затоа што вакцините спасуваат животи, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање, каква е состојбата со големата кашлица во државата, дали се должи на тоа што многу луѓе не ги вакцинираат своите деца и што се планира да се преземе во врска со тоа.

Знаете дека ги презедовме сите чекори, со сите европски институции соработуваме во тој правец и се одвива во добра насока. Значи, не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но, ги повикувам сите, нашата иднина се нашите деца и ние ги повикуваме сите да се вакцинираат зошто тоа пред се ни ги заштитува животите и спасува. Затоа мора да сфатат и лека полека ќе сфатиме сите, дека вакцинирањето на нашата иднина е пред се и тоа е иднината на нашата држава, нагласи министерот.

Меџити, кој беше на отворањето на нова Поликлиника во Сарај, одговараше и на прашање кога ќе почнат вработувањата што беа најавени во здравството и дали ќе имаат предност оние што се со договор на дело или и овде ќе има балансер.

Тоа што никој не веруваше дека ќе изнајдеме решение, за тоа изнајдовме. Веќе 1.117 вработувања од оваа Влада и тоа што кажав, вие знаете подобро од мене како новинари дека законските процедури се тие, дека ние не можеме да му забраниме на никој да конкурира на тие огласи, но јас лично кажав дека ќе го опсервирам целиот процес и ќе изнајдеме решение и навистина ќе работиме макотрпно да тоа биде праведно. Заедно ќе продолжиме понатаму да вработуваме здравствен медицински кадар кој беше многу дефицитарен овие неколку години. Во цело здравство ќе има нова систематизација, нова реорганизација и нова организација. Здравството веќе нема да биде како што било, ќе постапиме многу сериозно како досега и со „трикафта“ и со сите други работи. Во здравството работите се тераат напред и си одат на подобро, подвлече министерот.

Запрашан кога ќе бидат распишани огласите, тој одговори дека веќе се работи на овие процедури.

Ги собираме сите информации и ќе бидат за брзо време распишани сите огласи. Но, знаете треба систематизација преку МИОА, ние вршиме притисок кон сите овие институции, владини кабинети, министерства, за да можеме ова како што почнавме и динамично да го реализираме. Здравјето на пациентите е пред се, подвлече Меџити.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе