Вести Македонија

Големата кашлица, носи голем период на опоравување, најлошо поминуваат најмалите

За само десет дена веќе има два случаи на голема кашлица. Во моментот шестмесечно бебе е заразено и хоспитализирано на Детската клиника Козле. Неговата здравствена состојба е стабилна. Пред неколку дена беше потврдена зараза и кај дете во Кичево. Големата кашлица, позната и како пертусис е заразна респираторна инфекција проследена со многу кашлање. Може да се појави кај дечињата кои не се имунизирани, но и кај возрасните кај кои ослабнал ефектот од имунизација. Болеста се пренесува преку контакт со заразени, а компликациите кои настануваат се многубројни.

„Најчести компликации на големата кашлица се пневмонија и бронхитис и тоа се причини за хоспитализација. може да има и полесни компликации како воспаление на средно уво, анорексија, дехидрација“, изјави Мирјана Поповска,  специјалист педијатар во Козле. 

Надлежните сметаат дека единствен виновник за враќањето на овие заборавени заразни болести е се помал процент на вакцинација.

„Нашата иднина се нашите деца и затоа ги повикувам сите родители да ги вакцинираат своите деца“, изјави фатмир меџити, министер за здравство.

Периодов е регистриран зголемен број заразени граѓани и на Ковид-19.  Па така од 1 до 7 јануари има 72 позитивни случаи. Освен во Македонија слична е состојбата и во регионот. Српските медиуми пренесуваат дека во Србија има тридемија, односно судир на грип, коронавирус и респираторен вирус. Поради тоа некои земји веќе воведоа нови рестриктивни мерки, меѓу нив е и Шпанија која ги воведе маските во здравствените установи.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе