Африканската свинска чума ги остави поголемиот дел од фармите од Штип до Делчево без свињи. Одгледувачите велат дека токму поради уништувањето на свињите во еден од најголемите региони, каде се произведува свинско месо се појави и недостаток на македонскиот пазар.
Македонија не извезува свинско месо, бидејќи нашите фарми eдвај можат да ги задоволат потребите на македонскиот пазар. Забраната за извоз на свинско месо во соседна Албанија не претставува никаков удар за свињарството.
Сточарите се соогласуваат дека проблемот со оваа болест мора да се надмине. Лани на најголемата фарма во штипско-карбинскиот регион беа уништени 9.000 свињи.
Викторија Јованова