Вести Македонија Топ вести

Во серијата „Црвениот поет“ опишани се вистински настани поткрепени со историски факти за животот на Рацин, вели режисерот Никола Поповски

„За среќа во МАНУ има цел фонд од белешки и записи на Рацин, фото-архива и други историски материјали. Исто така има добар фонд на некакви пишувања од негови соработници коишто се сведоштва за настаните од прво лице и благодарение на нив имав прилика многу убаво да навлезам во тоа што треба да се екранизира. Запазени се сите клучни моменти почнувајќи од неговото детство кога бил лишен од можноста за формално образование, но, инсистирал самостојно да продолжи да се едуцира. Според онаа позната приказна дека тој на таванот на неговата куќа, на газиена ламба или на месечева светлина“, рече во вечерашната Топ Тема на Телма, режисерот на играната серија од десет епизоди „Црвениот поет“, Никола Поповски, која се емитува на Телма.

Поповски рече дека публиката ќе има прилика да го види тој дел од неговиот живот и целиот негов политички активизам, почнувајќи од зачленувањето во Комунистичката партија, неговиот левичарски активизам, неговиот избор за член на конгресот во Дрезден и сите неволји кои што го снаоѓаат.

ЦРВЕНИОТ ПОЕТ – ТВ Мини Серија – прва епизода 09.01.2024 во 20 часот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе