Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци, која беше воведена синоќа. Од „Македонија пат“ информираат дека утринава од 5:30 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крак – Маврово – Дебар.
Претходно, како што информираат од „Македонија пат“, од 1 часот по полноќ е укината и забраната на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево. Забраната за движење на тешки товарни возила на тие патни правци беше воведена синоќа поради обилни врнежи од снег.
На останатите државни патишта утринава сообраќајот се одвива тековно, во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег провејува на патните правци кон Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија.