Вести Македонија

Статистика: Македонија ја заврши 2023 година со инфлација од 9,4 отсто

Македонија ја заврши 2023 година со инфлација од 9,4 отсто, соопшти државниот Завод за статистика. Најмногу поскапеле храната, угостителските услуги, мебелот, покуќнината. Забележан е зголемен трошок кај воздухопловниот транспорт, туристичките аранжмани, облеката, фармацевтските производи.

За декември лани, споредено со декември 2022-та година, инфлацијата е 3,6 отсто. И тука најмногу поскапеле прехранбените производи, зеленчукот, кондиторските производи. Во обид да ја заузда инфлацијата, државата ги замрзна цените на основните прехранбени производи и мерката ја продолжи до крајот на јануари.

Некои цени останаа замрзнати на нивото од август, а некои како што биле во септември. Владата очекува инфлацијата годинава да се стабилизира, но меѓународните финансиски институции предупредуваат дека и годинава се можни ценовни шокови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе