Вести Македонија Топ вести

Сојуз за промени со свој кандидат за претседател, за нив Ахмети е лицемерен

„Лицемерно е Ахмети да зборува за наводно мешање во внатрешните работи, бидејќи токму тој го молеше Еди Рама лани во јануари да ги собере сите лидери на албанските партии од Македонија во Тирана за да се дефинираат условите за уставни измени“. Вака од Алтернатива ја коментираат изјавата на лидерот на ДУИ, дека косовскиот премиер, Албин Курти, се меша во политичката сцена на Албанците во  Македонија. Ахмети рече и дека, Рама не се мешал, туку се обидувал да ги обедини Албанците, но опозицијата гледа поинаку на работите.

Неодамна од Европскиот сојуз за промени најавија дека симпатизери и членови на косовската партија „Самоопределување# ќе се најдат на листите на опозициската коалиција на изборите во Македонија.

Коалицијата ќе има и свој кандидат за претседател,за што се шпекулира со името на Руфи Османи, поранешен пратеник и градоначалник на Гостивар од партијата „Национална демократска преродба“. Сепак, не сакаа да потврдат, но ниту негираа дека токму тој ќе биде нивни кандидат на претстојните избори. Велат дека уште ги разгледуваат потенцијалните кандидати, но едно е сигурно, а тоа е дека, профилот на нивниот претседателски кандидат ќе има капацитет да го привлече високиот процент на гласачи кои не се задоволни од власта и бараат личност што ќе ги надминува тесно-партиските стеги.

Вадењето на нивни кандидат, според аналитичарите, ги става и ДУИ во независна позиција, за кои ќе бида тешко да дадат поддршка за кандидатот на СДСМ, како на минатите избори. Оваа коалиција од денеска го напушта и Собранието, во знак на револт поради тоа што испразнетото место во ДИК не беше пополнето со нивни член.

На денешната координација е одлучено, во периодот од 22 до 28 јануари да бидат констатирани оставките на премиерот и на собранискиот претседател, да биде избран нов претседател на Собранието и да биде избрана техничката влада. Своите адути за министри опозицијата ќе ги утврдува задутре.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе