Вести Македонија

Корона вирусот и сезонскиот грип кружат околу граѓаните, ЕУ апелира на помасовна вакцинација

Шестмесечно бебе со голема кашлица и едно дете со Ковид-19 се хоспитализирани на детската клиника „Козле“. На дневно ниво во клиниката има и по 200 прегледи, а во моментот 60 деца се хоспитализирани. Загадениот воздух и студеното време влијаат врз зголемениот број на заболувања периодов, но на различен начин, појаснуваат надлежните.

„Загадувањето е предизвивкувач на незаразните заболувања. тоа е причина за влошување на хроничните заболувања како астма или пропатните заболувања кои се поврзани со кардиоваскуларниот систем поради ефектите што ги имаат ПМ-честичките врз организмот, а се системски па имаат влијание врз оние кои имаат прележано мозочен удар или срцев удар“, изјави Злате Мехмедовиќ-Комисија за заразни болести.

За спречување на ширење на заразните болести и заштита од загаден воздух Мехмедовиќ препорачува да се носат маски.

„Препорачуваме маските во здравствени установи и аптеките да бидат задолжителни за да можат да се заштитат луѓето кои имаат и така влошена здравствена состојба. Со оглед на тоа дека и загадувањето на воздухот е високо кн-95 маските коишто во 95% ги прочистуваат оние кои се штетни честички ПМ-2,5 И ПМ-10 коишто се наоѓаат во воздухот“, додаде мехмедовиќ.

Во период од 25 декември до 31 декември 2023 година во Македонија евидентирани се 403 случаи на грип. Бројот на пријавени лица таа недела споредбено со минатата сезона е зголемен за 16,01%. Од нив еден пациент на возраст од  67 години кој не бил вакциниран против сезонски грип го загубил својот живот. Еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес алармираше дека Ковид-19 и неговите варијанти земаат се поголем замав, а присутни се и други респираторни заболувања затоа препорачува вакцинација.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе