Поради неспроведливост на претходната предлог-одлука Владата го предложи Хекуран Асани на местото на Фахрудин Хамиди откако се покажа дека Илир Мехмеди, не го исполнува условите за да биде поставен за директор на Македонска навигација.
Асани е вработен во М-НАВ и неофицијално е далечен роднина лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Асани ќе биде и Претседател на Управниот одбор на М-НАВ, тој ги исполнува условите за директор на Македонска навигација, како што е наведено во член 14 во Статутот на ова Акционерското друштво во државна сопственост.
Финансисската полиција денеска влезе во М-НАВ проверуваше какви биле документите на јавни набавки и дали има некакво кривично дело.
Синдикатот, којшто најави дека ќе влезе во штрајк, по ваквите владини одлуки, коишто се во завршна фаза на поставување нов директор, најави дека го става најавениот штрајк во мирување.
Мехмеди, пак не ги исполнувал условите за функцијата за која го предлага Владата затоа што немал валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, има најмалку шестгодишно работно искуство како контролор.
Смена има и кај вториот директор на М-НАВ.
На местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Кораќ, кој е оперативен инженер техничар во М- НАВ.
Третиот директор според информациите не се менува. На таа позиција останува Хасим Деари.