Вести Македонија

Адвокатот на таткото на убиената Вања најави жалба за притворот

Адвокатот Владимир Туфегџиќ најави дека денеска ќе поднесе жалба до Апелација за притворот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Одбраната на Александар Ѓорчевски ќе бара од ОЈО да објасни зошто нивниот клиент не е повикан на распит.

Туфегџиќ во гостување на ТВ24 дециден дека од обвинителот ќе бара и информации како снимките на кои тврди е гласот на Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

Од Обвинителството, пак, велат дека Ѓорчевски веќе дал исказ. И по нешто повеќе од еден месец од убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за вештачењата на материјалните докази, за исказот на Ѓорчевски и што ќе се преземе во врска со објавените материјали на српскиот јутјуб-канал, велат дека во тек се истражни дејствија. Додаваат дека Јавниот обвинител ги спроведува истражните дејствија онака како што налагаат доказите и потребите на постапката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе