Еден работник почина, а уште еден се бори за живот, откако се затруле во свињарска фарма во светниколското село Амзабегово. Првиот работник починал на лице место, а вториот бил пренесен во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според првичните информации работниците се затруле од хемиска материја додека чистеле во еден од објектите на фармата.
Пациентот според очевидците пристапил до јамата да му помогне на колегата, но заради вдишување на амонијак ја загубил свеста. Примен е на клиниката и се следи неговата состојба. Првичените наоди се дека амонијакот направил оштетувања на мозокот, со оглед дека лицето не пропзнава никого, го загубил говорот и манифестира неартикулирани движења. Не чуствуа болка и нема крварање, но има потенцијални оштетувања на мозокот кои ќе се знаат по утрешната компјутерска томографија, велат за Телма од клиниката за токсикологија.
Од СВР-Штип, го потврдија случајот, а увид извршија екипи од Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор. Починатиот работник ќе биде предаден на обдукција, потврдуваат од СВР Штип.
Трагедијата се случила околу 10.30 часот, а случајот е пријавен половична час подоцна. На лице место починал работникот О.Т роден 1978 година, а второто лице, 53 годишен маж е пренесен на клиниката за токсикологија во Скопје. Починатиот работник ќе биде предаден на обдукција, потврдуваат од СВР Штип.