Вести Македонија

Спречен нелегален влез на 11 мигранти при царинска контрола на три камиони од Полска

Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела,  информираат од Царинската управа.

Два случаи се откриени од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги по контрола на две товарни моторни возила со полски регистарски таблички на влез во државата на Богородица на 4 јануари доцна вечерта и на 5 јануари во 4 часот наутро. И во двата случаи мигрантите се откриени во просторот за палети на полуприколките при контрола со мобилен скенер, при што и во едниот и во другиот случај се откриени по 4-ца мигранти од Сирија и Пакистан, се вели во соопштението од Царинската управа.

Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички. При контрола на возилото, како што информираат од Царинската управа, во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе