Не се менуваат навиките на несовесните возачи по улиците во Тетово. Паркираат на пешачки премин, во двојни редови, брзо возат и слично. Граѓаните велат дека културата е на многу ниско ниво, а сообраќајот хаотичен.
Бројноста на казните од полиција потврдува дека сообраќајната култура во овој регион не е на задоволително ниво, поради што велат дека континуирано преземаат репресивни и превентивни мерки. За поголема безбедност во сообраќајот треба да внимаваме сите.
Креирањето на сообраќајната култура зависи од сите нас, не е само на полицијата со казни да создава култура со репресија. Треба сите да влијаеме на тоа, сите општествено одговорни фактори, изјави командирот на ПС бпс тетово, зоранчо талев.
Оценката на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај е дека 2023 била безбедна година, а тоа се заснова на фактот дека имало само една човечка жртва, но сепак, пребрзото возење и понатаму останува најчеста причина за сообраќајки.
Ако зборуваме за фактор безбедност во сообраќај статистиката кажува дека оние причинско последични врски факторите кои влијата на незгодите, број еден ни е брзината, неприлагодена брзина, и тука ни се најголемите мерки преземени во изминатиот период. Имаме околу 7 400 прекршоци за брзо возење во што е импозантна бројка, рече талев.
Во 2023 година имало 856 сообраќајни незгоди во кои покрај една човечка жртва, тешко повредени биле 13 возачи, 19 патници, 17 пешаци и 18 мотоциклисти и велосипедисти.
Данијела Билбилоска