Вести Македонија

Министерката Тренчевска доживеа сообраќајна несреќа – повреден возачот на владиното возило

Владино возило во кое било превезувана министерката Јована Тренчевска доживеало сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш.

Од МВР информираат дека во сообраќајката повреден е возачот.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 17:30 во близина на штипското село Лакавица, а во несреќата учествувале владината „шкода“ и патничко возило „фолксфаген пасат“ со швајцарски регистарски таблички кое го управувал 48-годишник од селото Мокриево, кај Ново село.

Во владиното возило патувала Тренчевска и вработена во нејзиниот кабинет, Н.Д., а го управувал нејзиниот 53-годишен возач со иницијали Г.А.. Во „пасатот“ имало четворица сопатници.

-Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. До сега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител, велат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе