Вести Македонија

Беким Незири донесен пред судија на претходна постапка

Беким Незири и уште неколкумина други лица вечерва се донесени пред судија на претходна постапка, по вчерашниот упад во кулата на контролата на летање во М-НАВ.

Незири, кој е коориднатор на огранокот на ДУИ во Чаир, ја предводеше групата која вчера вербално и физички нападна контролори на летање.

Нападот беше пријавен во полиција вчера околу 15.15 часот дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Незири, кој инаку е вработен во институцијата, заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. – вработени во институцијата.

Нападот се случи по прес конференцијата која ја одржа Синдикатот на контролата за летање, кој обвини за наместени огласи за вработување, самоволие, индиции за финансиски злоупотреби и притисок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе