Вести Македонија Најважни

МВР потврди – насилници нападнале контролори во М-НАВ

По прес-конференцијата која ја одржа Синдикатот на контролата за летање, непознати лица, пуштени од обезбедувањето во М-НАВ кое е надворешна фирма, влегле во зградата на контрола за летање и вербално, но и физички, нападнале неколку контролори на летање, бидејќи дале поддршка на протестот, соопшти претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски. Неофицијално, станува збор за лица блиски до партијата на директорите кои се во судир со Синдикатот.

Од МВР потврдија дека инцидентот е пријавен и дека тројца вработени во М-НАВ биле нападнати.

„Околу 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир, односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата), заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случај“, информираат од МВР.

За да можеше да присуствува на прес-конференцијата на Синдикатот која се одржа напладне, екипата на Телма мораше да ги даде своите лични карти на обезбедување за да бидат пропуштени и да им биде дозволен влез во кругот на објектот, но не и во зградата.

А на прес-конференцијата, Синдикатот соопшти дека по стапките на инженерите кои депонираа свои оставки ќе одат и триесетина контролори и техничари.

Последниот оглас за вработување, кој ја прели чашата, како и огласи за директори во компанија ќе бидат оспорени од Синдикатот. Одбиени поради наводна нецелосна документација, дискрециони права на директори, отсуство на рок за жалба се само мал дел од забелешките.

Од Синдикатот бараат да се истражи финансикото работење на директорите во М-НАВ.

За вчерашниот информативен разговор во одделението за насилен криминал, Тасевски кажа дека се однесува на мејл порака до тројцата директори од кои двајца Хамиди и Деари се почувствувале загрозени.

Од министерството за транспорт и врски, како надлежно за М-НАВ, за Телма соопштија дека немаат законска надлежност да влијаат врз интерните постапки за вработување и финансиската самостојност на државната Компанија и повикаа авиосообраќајот да продолжи да се одвива непречено.

„ Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата“, соопштија од Министерство за транспорт и врски.

Од менаџментот на М-НАВ пред неколку дена соопштија дека нема ништо спорно во последниот оглас за вработување иако  кандидатите одбиле да одговараат на дел од тестирањето.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе