Наместени огласи за вработување, самоволие, индиции за финансиски злоупотреби, притисок… Ова се само дел од проблемите во М-НАВ кои денеска пред јавноста ги изнесе претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски, кој побара трудовиот инспекторат, финансиската полиција и сите надлежни институции да го прочешлаат работењето на директорите во македонска навигација.
По стапките на инженерите кои депонираа свои оставки ќе одат и триесетина контролори и техничари.
Последниот оглас за вработување кој ја прели чашата, како и огласи за директори во компанија ќе бидат оспорени од Синдикатот. Одбиени поради наводна нецелосна документација, дискрециони права на директори, отсуство на рок за жалба се само мал дел од забелешките.
Од Синдикатот бараат да се истражи финансикото работење на директорите во М-НАВ.
За вчерашниот информативен разговор во одделението за насилен криминал Тасевски кажа дека се однесува на мејл порака до тројцата директори од кои двајца Хамиди и Деари се почувствувале загрозени.
Од министерството за транспорт и врски како надлежно за М-НАВ за Телма соопштија дека нермаат законска знадлежност да влијаат врз интерните постапки за вработување и финансиската самостојност на државната Компанија и повикаа авиосоораќајот да продолжи да се одвива непречено.
Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата, соопштија од Министерството за транспорт и врски.
Од менаџментот на М-НАВ пред неколку дена соопштија дека нема ништо спорно во последниот оглас за вработување иако кандидатите одбиле да одговараат на дел од тестирањето.
Огнен Чанчаревиќ