Вести Економија Македонија Топ вести

Кој ќе дојде да вози по вакви пруги?

Кој ќе дојде да вози по вакви пруги, и дали ако дојде тоа ќе биде поголем зијан отколку ќар за Македонија? Овие дилеми ги отвори поранешниот директор на Македонски железници Никола Димитровски во Утринската програма на Телма.

Од почетокот на годинава стартува либерализацијата на железничкиот товарен сообраќај, па ќе може да влезат и други фирми кои ќе ѝ конкурираат на државната компанија Македонски железници – транспорт. Неколку компании од регионот веќе изразиле интерес. Досега, возовите на секоја граница менуваа локомотива. Сега ќе може истиот воз да продолжи преку граница.

Димитровски вели дека е прашање дали трасата низ Македонија ќе биде атрактивна за превоз на стоки од Грција кон Централна Европа, или превозниците ќе изберат да возат низ Бугарија.

Вие со 20-30 километри на час, кој транспортер ќе дојде? Локомотивата нему да му вози со 20 километри на час, колку време ќе ја ангажира, а за тоа време може да направи три или четири други превози со брзина од 80-100 километри на час. Значи многу треба да се размисли што ќе понудиме како инфраструктура, со кои обврски и што ќе добиеме, вели Димитровски.

Македонски железници – инфраструктура, фирмата која управува со пругите, планира годинава да заработи 98 милиони денари или скоро 1,6 милиони евра за користење на пругите од други превозници кои очекува да влезат во железничкиот товарен сообраќај. Димитровски предупредува дека тој ќар може да се претвори во зијан.

Со објава на условите за закуп на простор или траса за воз, вие добивате такса за тоа, исто како што се плаќа на автопат, така се плаќа и за пругата, но имате и обврски. Доколку не ги исполните обврските од договорот… Ако вам ви е пругата затворена, или возите со 20-30 километри на час, а сте декларирале дека ќе возите со 60-70 или 80 километри на час, тоа некој треба да го плати. И прашање е дали овој бонбона бизнис од 1,6 милиони евра приход за МЖ Инфраструктура ќе биде помал од штетите што ќе ги плаќаат ако ги прифатат условите коишто ќе ги понудат, а не може да ги исполнат, вели Димитровски.

Поради оштетување на железничкиот мост на Црна Река кај Стоби, железничкиот сообраќај e во прекин од 15 ноември. Патниците се преместуваа во автобуси, а стоките се претовараа во камиони. МЖ Инфраструктура денеска соопшти дека мостот е саниран, а утре ќе се изврши пробно оптоварување. Ако е сè во ред, ќе биде пуштен за употреба во попладневните часови. Допрва ќе се пресметуваат штетите од застојот од 52 дена во железничкиот сообраќај.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од  40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе