Приватниот сектор се празни, јавниот се полни. Според, податоците на Управата за јавни приходи, за само два месеци фирмите загубиле околу 6.000 работници. Намален е и бројот на компании. А околу 20 илјади лица влегоа во новата година без ноемвриската плата. Паралелно не сопираат огласите за вработување во државните институции, јавни претпријатија, министерства, општините. Во финансии се вработуваат околу 50 тина лица. Исто толку ќе добие и земјоделие. Се вработува и во Царина, во министерството за информатичко, а дузина огласи има за Општините. Иако, ова се случува на само неколку месеци пред изборите, Бесими тврди -има одлив на кадар и местата мора да се пополнат.
-Има одлив на кадар кој треба да се надомести, а има и кои се повеќе од две години со договори на определено, да можат да добијат статус на редовен работен однос , но само преку оглас, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.
Од КСОМ денеска реагираа и на тоа дека на зголемените функционерски плати поради усогласувањето со просечната плата во март на сметките на градоначалниците, судиите, обвинителите, министрите, пратениците, директорите ќе легнат плус пари. Бесими пак тврди за усогласувањето на функционерските плати, средства во буџетот нема.
-Нема пари за дополнителното зголемување според законот со кој секоја година оди зголемувањето со просечната плата. За тоа нема пари планирано во буџетото за фунцкиоенрите, додава Бесими.
Сепак, зголемувањето од 78 отсто функционерите ќе го добиваат, иако дел од министрите во Владата зборуваа дека до крајот на минатата година ќе најдат решение и ќе се менуваат закони за тие да се намалат.
Ирена Чачкова