Кошарка Спорт

Денвер славеше против Шарлот, Далас прегазен во Јута (ВИДЕО)

Денвер со 111-93 му го нанесе на Шарлот 11-тиот пораз по ред во НБА-лигата. На овој натпревар Никола Јокиќ им ја препушти главната улога во нападот на Џамал Мареј со 25 поени и Мајкл Портер Јуниор со 22. Српскиот центар имаше 13 поени и 11 скока.

Јута го уништи Далас со 127-90 и тоа благодарение на Џордан Кларксон, кој стана првиот кошаркар на Џез што постигнал трипл-дабл уште од 2008 година. Плејмејкерот имаше 20 поени, 11 асистенции и 10 скока. Симоне Фонтекио придоаде 24 за домашниот тим додека кај гостите Лука Дончиќ постигна 19 поени и имаше 14 асистенции.

На останатите натпревари, Лос Анџелес клиперс славеа со 121-104 против Мајами. Јанис Адетокумпо имаше трипл-дабл за Милвоки, но Бакс загубија на домашен паркет од Индијана со 113-122. Хјустон беше подобар од Детроит, Торонто го победи Кливленд, а славеше и Феникс против Портланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АЕК бара натпреварот со Алкалоид да биде презакажан

Дејан Дејан

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

Дејан Дејан

Милевски одбра 27 фудбалери меѓу кои и еден дебитант за Белгија и Казахстан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе