Вести Македонија

Мицкоски за Бојмацалиев: Медиокритети стануваат министри

„Ова е една од причините поради кои младите си заминуваат од државата, кога гледаат какви медиокритети стануваат министри“.

Вака претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментира предлогот на СДСМ, во заменичката фотеља во МВР, во техничката влада да седне актуелниот шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски, Митко Бојмацалиев.За останатите предлози рече дека се веќе видени. Тој самиот, пак, се` уште не ги открива адутите во техничката влада. Јавноста по празниците ќе ги дознае имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и заменичките места што им припаѓаат. Остануваат на ставот дека,иако ќе учествуваат, ќе се воздржат од гласање, поради техничкиот премиер, Талат Џафери.

Името на претседателскиот кандидат од оваа партија, пак, ќе се знае дури после конвенцијата закажана за 2 март. Мицкоски очекува валкана кампања, но тврди дека нивните интерни анкети покажуваат дека ќе бидат убедливи победници на изборите, со речиси двојна предност, доколку СДСМ настапат сами на избори. Од друга страна, пак, доколку не излезат со свој кандидат на претседателските избори и го поддржат кандидатот на СДСМ, можноста за коалицирање на ВМРО ДПМНЕ со ДУИ, ќе биде сведена на нула.Но, ако албанската опозиција излезе со свој кандидат, Мицкоски очекува и ДУИ да го сторат истото.

Централниот одбор на СДСМ, пак, синоќа не изненади со нови имиња.Во техничката влада остануваат и Славица Грковска, како заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, како и вицепремиери за економски и европски прашања, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ. Актуелните министри за култура, за животна средна, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски и за одбрана, Бисера Костадиновска Стојчевска, Каја Шукова, Љупчо Николовски, Благој Бочварски и Славјанка Петровска, ќе продолжат да раководат со ресорите и во техничката влада.

За заменици-министри за правда, за здравство, за информатичко општество и администрација, за финансии и за локална самоуправа,се предложени  Викторија Аврамовска Мадиќ, Маја Манолева, Александар Бајдески, Филип Николовски и Мики Крстев.

Кандидат за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика е актуелната министерка, Јована Тренчевска.

Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието до завршување на мандатот на актуелниот парламентарен состав.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе