Вести Македонија Топ вести

ВМРО – ДПМНЕ обвинува дека изборот на членови на повеќе собраниски комисии било по клуч на партиски пазар меѓу СДСМ и ДУИ

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ обвинува дека како се ближи изборниот процес, власта започнала со дополнително партизирање на институциите, притоа кршејќи ги сите правила и прописи за вработување.

Вчера на Комисијата за изборите и именувањата се избираа членови и претседатели на повеќе комисии во Република Македонија за коишто предходно беше распишан оглас и имаше пријавено бројни кандидати.

  • Во нормална држава за вакви комисии како што се Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации или пак Комисијата за заштита и спречување на дискриминацијата, очекувано би било да се изберат пред се кандидати кои ги исполнуваат условите пропишани со огалсот но и кандидати кои со своето знаење и експертиза ќе допринесат за подобро и поефективно работење на ваквите комисии, истакна на денешната прес- конференција Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа за СДСМ и ДУИ не била важна квалификацијата на кандидатите туку „меѓукоалицискиот пазар за вдомување и полнење на комисиите со партиски војници“.

“Беа изгласани кандидати што не исполнуваат еден или повеќе услови во огласите. Во најмала рака за ваквите кандидати што не ги исполнуваат условите пропишани со огласите, не би требало ниту да се расправа, а камоли да бидат избрани и изгласани за членови во комисиите“, рече Стојаноска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе