Вести Македонија Топ вести

МОН го продолжи рокот за аплицирање за финансиска помош за учениците

МОН донесе одлука со која рокот за аплицирање за финансиска помош за учениците се продолжува до 25 декември, односно заклучно со понеделник.

Ваквиот чекор доаѓа откако деновиве поради краткиот рок кој претходно им беше даден на учениците кои се опфатени со оваа мерка но и обемната бирократија настана хаос пред шалтерите на институциите кои издаваат документи неопходни за пополнување на апликацијата.

Финансиската помош е за основци и средношколци чии вкупни домашни месечни примања не надминуваат 50.000 денари.

Повикот ќе биде објавуван секој месец за оние кои не се пријавиле претходно, а оние кои ја добиле финансиската помош секој месец ќе мора да ги доставуваат документите во училиштата за да се продолжи правото на користење на финансиската поддршка.

Од МОН пак велат дека ваквиот чекор се презема поради големиот интерес за мерката, а додаваат и дека надлежните служби при Министерството за образование и наука се во постојана комуникација со потенцијални апликанти кои имаат потреба од поддршка во процесот на аплицирање.

Преобемна бирократија за месечна парична помош од 1.200 до 1.800 денари која ја нуди МОН

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе