Вести Македонија Топ вести

Љубомир Јовевски станува, Соња Симовска седнува во фотељата јавен обвинител до изборот на нов од триото: Фетаи, Коцевски и Раичевиќ

Му претстои последен викенд пред да го расчисти бирото и да си замине од функцијата. Љубомир Јовевски го завршува мандатот, а фотељата до избор  на нов јавен обвинител од понедленик ќе ја пополни Соња Симовска. Оваа обвинителка од редот на 8-те заменици на Јовевски доаѓа од републичкото обвинителство, со истите обврски и ингеренции на функцијата, но се префиксот вршител на должност. Без колебање девет наспроти нула, Симовска за која не може да се најде сликана итнернет  ја доби поддршката на членовите на советот на јавни обвинители. Ја познавале но не се договарале претходно, вели претседателкаа на советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска.

Симовска ќе го чува местото на еден од кандидите Фатиме, Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски кои се впутиај во трка за иден јавен обвинител. Владата ќе избира кој кандадиат ќе го испорача до собранието на гласање, но откако ќе го добие мислењето од советот нај авни обвинители.

Неизвесно е дали владата ќе успее до 28 јануари кога се распушта и преоѓа во техничка да понуди предлог за кандидат од тројцата апликанти, и дали собранието, пак, ќе успее до 28 февруари да заакажат седница со таа точка, да дискутираа и да изгласа  за новиот јавен обвинител. Досегашниот, пак, во 6 годишниот мандат останува запамтен како обвинителот кој ги собра остатоците од предмтите и обвинителите од распаднпото СЈО, и даваше поддршка на шефицата на органзииран Вилма Русковска, за на самиот крај од нејзиниот мандат да ја суспендира и диспплинира од што епилогот беше нејзино разрешување. Не му појде од рака со довербата во инситуцијата кај гаѓаните, но Јовевски медиумите ги придоби со отвореност и достапност, но и интензивна комуникација за предметите во кој жртви се медиумските работници, за што е назначен и посебна обвинител од таа казнена материја. Едно е сигурно за наредниот јавен обвинител од каниддираните Фетаи, Раичевиќ и Коцевски ,а тоа е дека за нив има достапни слики,  експонирани се во јавноста, и прустни со предмети во судниците, барем дел од нив.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе