Финансиската полиција в понеделник влегува во град Скопје. Ќе проверува колку и како се потрошени пари за новогодишното украсување на градот. Директорот на финансиската полиција Горан Иванов за Телма потврди дека ќе се проверува исклучиво тендерот за конкретната набавка, односно за украсување на град Скопје.
Новогодишното украсување предизвика негодување и потсмев кај граѓаните, а од Град Скопје ги отфрлија тврдењата дека немало јавен повик за украсување на градот, но не покажа документи.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.