Обвинителката Лиле Стефанова од Обвинителството за гонење на организиран криминал се сели во републичкото Обвинителство. Што ќе се случува со предметот „Титаник“ каде таа е застапник на обвинението допрва ќе се одлучува. Советот на обвинители во петок бира в.д. републички јавен обвинител бидејќи мандатот на актуелниот Јовески истекува на 25 декември а Влада од нив побара писменоп мислење за секој од теројцата кандитати наследници на Јовески – Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски.
Членовите на Советот на јавни обвинители на седница во петок ќе изберат вршител на должност републички јавен обвинител кој ќе треба да го замени Љубомир Јовески се до изборот на негов наследник. Мандатот на Јовески истекува во понеделник на 25 декември а во петок ќе се бира вршител на должност од редот на републички обвинители.
Можни наследници на Јовески се обвинителите Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски но процедурата за избор ќе трае најмалку до крајот на идниот месец.
Владата на вчерашната седница одлучи да достави барање до Советот на јавни обвинители за писмено мислење за секој од трите кандидати.
Одлуката во Советот се уште не е пристигната а оттаму најавија дека ќе зја запазат законската процедура и временски рок заодговор.
Обвинителката Лиле Стафанова, денеска беше избрана за обвинител во Републичкото обвинителство. Во Републичкото обвинителство оди и Наум Пановски од скопското Вишо Обвинителство.
Стефанова беше дел од тимот на СЈО а сега во Обвинителството за гонење на организиран криминал и водеше повеќе високо профилни предмети како Империја”, ,,Плацеви на Водно”, ,,Титаник”, „Траекторија” и ,,Маџар Телеком”.
Во моментов единствен активен предмет кој го води Стефанова е „Титаник“ и по нејзиниот избор во Републичкото Обвинителство, се поставува прашањето што ќе се случува понатаму во оваа постапка.
Од Обвинителството соопштија дека со оглед на фактот што Стефанова беше избрана денеска, допрва ќе се анализираат предметите кои таа ги води, во која фаза и статус се, колку од нив се одделенски и во наредните денови ќе се произнесат.
Огнен Чанчаревиќ