Документарни

НЕЈЗИНОТО ИМЕ БЕШЕ ГРЕЈС КЕЛИ – петок, 29 декември 2023- 20:20

Важена за една од најубавите актерки на своето време, Грејс Кели и денес останува икона. Нејзиниот живот и кариера се добро документирани, од нејзината работа во Холивуд до бракот со принцот Рение и нејзината трагична смрт во сообраќајна несреќа во 1982 година.

Но, дали ја знаеме внатрешната приказна? Која навистина беше Грејс Кели?

Благодарение на ексклузивен договор со Кнежевството Монако, овој документарец ќе ја раскаже животната приказна на Грејс каква што никогаш досега не била раскажана, преку очите на оние блиски до неа и кои ја сакале, вклучително и нејзиното семејство – особено принцот Алберт од Монако – и пријатели.

За прв пат, семејството Грималди даде пристап до своите приватни архиви, од кои голем дел никогаш порано не биле јавно објавени, и се согласи да разговара со нас преку овој интимен материјал. Ова вклучува многу филмови снимени во 8мм, 16мм и супер-8 од самите Грејс Кели и принцот Рение, кои откриваат мајка која е сосема поинаква од официјалниот имиџ: слободна, енергична, опкружена со своите деца и која учествува во семејниот живот. Поглед наназад на икона со трагична судбина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЛУКСУЗНИОТ ТЕАТАР „БЕРД“ ВО РИЧМОНД – сабота, 10 мај 2025 – 17:10

Дејан Дејан

ПРОЕКТОТ ДОКУМЕНТАРИКА – ЗАБОРАВЕНИТЕ ФОТОГРАФИИ НА АМЕРИКА – петок, 02 мај 2025 – 20:30

Дејан Дејан

ХАКЕРИ: КРАЖБА НА ИДЕНТИТЕТ – четврток, 01 мај 2025 – 17:45

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе