Вести Македонија Најважни

Од Здравство со нов повик до Обвинителството – откријте ги имињата на криминалците на Онкологија

Кој тргувал со цитостатици и кој ги загрозил животите на најтешките пациенти?! Ова прашање досега не е одговорено и сѐ уште нема ниту осомничени лица.

Министерот за здравство денес повторно ги прозва истражните органи да се произнесат, по повеќемесечната истрага.

„Околу тоа што се случи, скандалот со Онкологија, денеска пак ќе ја искористам приликата да го повикам Обвинителството јасно и гласно да излезат со име и презиме. Ако некој се огрешил пред законите на државата, да одговара и да ги сноси последиците“ изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Товарот на Клиниката за онкологија е преголем, признаваат здравствените власти. Наплив на пациенти, преполна амбуланта, но и загубена доверба по скандалот кој ја потресе јавноста.

Тоа бара реорганизација, болници во другите градови да преземат дел од пациентите и оддели да се отворат онаму каде што ги немало досега.

„Почнавме да дисперзираме. Вчера беше и директорот на болницата ‘8-ми септември’ кај мене во кабинето и зборувавме да започнеме со таа конзервативна терапија. А, тоа е малку сензитивна работа, не можеме за неколку дена или недели да започнеме, потребен е едуциран кадар.  Размислуваме да отвориме во Штип и Битола, за акцелераторот, радиотерапијата да ја ставиме во функција. Утре одиме во Тетово и таму отвораме оддел за онкологија“ додава министерот Меџити.

Истрагата сѐ уште е во тек, а од опозицијата постојано се јавуваат со критики за случајот, но и менаџирањето на системот.

Вчера на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ критикуваа дека е одбиен амандман за 20 милиони денари со намена за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе