Вести Економија Топ вести

Струјата ќе поскапува за трошаџиите – Бегајте од 3-ти 4-ти блок, апел од надлежните

Министерот за економија Бектеши лично смета дека струјата треба да поскапи за оние во третиот и четвртиот блок кој што повеќе трошат, за да се заштитат оние од првите два блока. Но, од податоците на ЕВН може да се види дека со влезот во зимските месеци расте  бројот на потрошувачи во третиот блок. Од  анализите се гледа дека од октомври во ноември  околу 10 илјади домаќинства од  првите два блока преминуваа во оние со поголема потрошувачка. Најчесто тоа се оние кои се греат на струја.

  • Во месец Октомври 2023, 86% од корисниците влегувале во блок 1 и 2, односно околу 700.000 корисници. Во месец Ноември годинава, 85% од корисниците влегувале во блок 1 и 2, односно околу 690.000 корисници, соопштија од ЕВН. 
  • Граѓаните кои имаат повеќе потреба за поддршка генерално се во склоп на првиот и вториот блок во делот на потрошувачката во нашата држава. Повеќе од 40-50% од нашата потрошувачка оди во тие два блока. Ние не треба да ги поддржиме и субвенционираме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика“ – Крешник Бектеши, министер за економија, изјави министерот за економија Бектеши. 

Во моментов се уште се прибираат податоци и се праваат последните пресметки пред следната недела да биде објавена новата цена на струјата која ќе важи од први јануари. Бектеши како и премиерот Ковачевски тврди дека нема да поскапи посебно за оние  домаќинства кои трошат во рамките на првите два блока. Иако компаниите бараат зголемување на цената од 27 отсто, Бектеши вели дека барањата не се големи но очекува да не бидат прифатени.

Дел до граѓаните добија дневна евтина струја, но паралелно во дел од сметките се воведува и нова ставка која ќе се плаќа а тоа за пристап до мрежа. Бектеши  уверува дека новата давачка за празните викендици, станови не се воведува за да се покрие евтината струја преку ден. Новата цена за електричната енергија  треба да ја објави ЕВН ХОУМ, но претходно ќе помине на контрола  кај регулаторите.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе