Министерството за правда очекува турските власти брзо да постапуваат по барањето за екстрадиција на Палевски и тој што поскоро да биде испорачан во Македонија.
Вчера министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето, а беа направени и преводи на турски јазик на сите потребни документи.
Сепак според правилата за екстрадиција на Турција процесот би можело да трае и подолго од она што го очекува јавноста.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.