Актерката Весна Петрушевска на својот инстаграм профил сподели информација дека додека јавноста се занимава со деталите од убиството на Вања, нејзината сестра имала операција на срцето, а мајката имала сериозни здравствени проблеми со дишењето.
„Многу зборуваме за сторителите на насилството, но заборавивме на жртвите на насилството“, додава Петрушевска и апелира до јавноста пред да коментираат на социјалните мрежи да не го забораваат семејството на Вања, каде тагата е навистина голема.
Познатата глумица и едукатор констатира дека за жал општествената одговорност е на многу ниско ниво и дека општеството се бави со „ниски теми“ и го отвора прашањето што ние, како општество ќе направиме за помогнеме на семејството, општество кое за жал секојдневно влегува од пораз во пораз.