Вести Македонија Топ вести

Јосифовска Спасовска: Кампањата „Крени глас против насилство“ има за цел да направи побезбедно општество за нашите деца

Кампањата „Крени глас против насилството“ наиде на голем интерес, веќе се приклучија десетина општини, а интересот и натаму расте, и во општините надвор од Скопје, вели Марија Јосифовска Спасовска, член на УО и директор во Макпетрол, компанијата која ја покрена инцијативата за оваа кампања.

  • Ефектот кој што го очекуваме би бил секако да допре вистински до целните групи до кои што треба да допре. Да направиме промена во општеството, да се намали булингот, да се превземат уште поголеми институционални чекори на темата, едноставно, да допринесеме во создавање на едно побезбедно општество за нашите деца, вели Јосифовска Спасовска.

Додава дека „Макпетрол отсекогаш била општествено одговорна компанија, и тоа било, барем јас сметам, доста видно низ годините, од своето постоење, меѓутоа сметавме дека е време да дадеме нешто на општеството целосно, на сите засегнати и ова беше една актуелна тема која што е присутна да не речам во сите домови во нашето општество и сакавме да биде нешто кое што ќе придонесе речиси во секој дом“, вели Јосифовска Спасовска која гостуваше во утринската на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе