Вести Македонија Топ вести

Адвокатот на Палевски се уште на распит – кривична пријава ќе биде поднесена и за возачот Димковски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека сѐ уште трае распитот на адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, замина во Белград.

– Адвокатот е задржан на распит којшто сѐ уште трае во рамките на 24-часовното задржување и кога ќе заврши службите ќе одлучат што понатаму, рече Спасовски во Охрид.

Во однос на возачот кој го превезуваше Палевски во Турција и кој беше приведен на влез во земјава на граничен премин кај Дојран, Спасовски рече дека ќе биде поднесена кривична пријава.

– Согласно она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава, изјави Спасовски.

Додаде дека Палевски во Турција патувал со македонски пасош, но не кажа дали бил на негово име. Документите за екстрадиција се целосно подготвени и се очекува денеска да бидат испратени до турските надлежни власти. Спасовски повторно повика да не се злоупотребува убиството за политички поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе