Народниот правобранител Насер Зибери вели дека Македонија потфрла на многу полиња во сферата на граѓанските права. Тие се кршат масовно и на секој чекор. Во изминатиот период особено на удар се најмладите. Детските права се загрозени, а институциите не се доволно ангажирани во спречување на прекршувањето на нивните права. На прашањето на Телма дали е оправдана перцепцијата дека децата во Македонија не се доволно безбедни Зибери одговори потврдно.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.