Вести Македонија Топ вести

Владата го утврди текстот на предлог законот за помилување, целта е да се надминат недостатоците и правните празнини

Владата го утврди текстот на предлог законот за помилување, што го предложи Министерството за правда.

Како што соопштија од владата, причините за донесување нов закон за помилување, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во сегашниот закон, од аспект на неговата практична примена.

Една од најзначајните измени во законот е тоа дека претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

Измената на законот беше иницирана по масовната аболиција што ја даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, кога помилуваше лица уште пред да почне судска постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе