Вести Македонија Топ вести

Палчо симулирал дека со такси ќе оди во Истанбул, но фатен е како оди пешки по автопатот во Беликесир

Палевски со возило „шкода супер б“, кое го управувал неговиот адвокат, на 30 ноември е однесен во Србија. Таму ја поминува ноќта во хотел, од каде, наредниот ден го презема друго лице од Скопје, со џип „ленд ровер“ и преку граничниот премин „Градина“ влегува во Бугарија. Денеска беше уапсен и помагачот, скопјанец кој го одвел од Србија низ Бугарија до Турција.

МВР стапува во контакт со тамошната полиција, но и со нивен оперативен извор, кој врати повратна информација дека лицето се наоша во градот Баликесир, и ни ги кажа неговите намери, дека сака да замине во Истанбул. Во Баликесир останува, се подготвува и со такси возач сака да оди за Истанбул. Но, симулира одење во Истанбул и повторно се враќа назад во градот. Денеска попладнево од страна на турската полиција е уапсен додека се движел пеш по еден од автопатиштата кај Баликесир, објасни министерот Спасовски, на синоќешната прес конференција.

Засега нема потврдени сознанија за крајната дестинација на која сакал да оди Палевски.

Кога ќе дојде тука, ќе се разговара за се. Кога ќе заврши целиот процес на истрагата, ќе ги добиете информациите, рече Спасовски.

Палевски ќе биде предаден на македонските власти кога ќе се заврши постапката за екстрадиција, за која Спасовски вели се надева дека ќе се заврши во најкус можен рок.

Спасовски се заблагодари на соработката и брзите реакции на службите од Србија, Бугарија, Турција, а посебно и за помошта понудена од Хрватска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе