Вести Македонија

Македонија ќе учи од Хрватска како да го реши проблемот со мечките, кои во последно време прават штета во населени места

Почнува подготовката за Национална стратегија за управување со мечките. Во Македонија досега немаше интервентни тимови за управување со мечки, ниту решение на кој начин одговорните ќе се справуваат со проблемот. Тимови од Хрватска се дојдени  да ги споделат нивните искуства и да вршат обука.

„Денеска сме овде на помош на колегите од Македонија. Македонската влада брзо реагираше, со оглед дека оваа година се појавија мечки во населени места, во Националниот парк „Маврово“. Македонското министерство и влада донесоа одлука дека е време да направат план на управување, односно Стратегија на управување или Акциски план за мечки и да се види какви се искуствата на интервентните тимови во регионот, какво функционираат, како се опремени, кои се протоколите. Ќе се опреми интервентен тим, меѓутоа главната одговорност е на две министерства –министерството за животна средина и просторно планирање, со помош на колегите од министерството за земјоделство“, вели Андреа Солиќ, претставничка на платформа за големи ѕверови.

Обуката почнува утре, а на планот за Стратегија ќе се работи година дена и до крајот на следната година би требало да се усвои планот.

Присуството на мечки во населени места во последниот период е се почесто, а особено во селото Жировница каде мечките доаѓаа до куќите на жителите. Од Општина Маврово и Ростуше побараа Владата да прогласи кризна состојба поради зголеменото присуство на мечки и опасноста за населението.

Но, Владата одлучи поинаку и одговорноста ја префрли на Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство. Со нивните мерки се предвидува да се отстранат сите депонии, да се успиваат и дислоцираат мечките.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе