Дилеми не се разрешуваат со писма туку со следење на законските процедури што важат во државата. Вака одговорија активистите на „Здрава котлина“ на вчерашната прес-конференција на компанијата Еуромакс кои информираа дека испратиле писмо до Министерството за животна средина и просторно планирање во кое велат дека се расчистуваат сите дилеми за работата на рудникот за злато и бакар Иловица и бараат спојување на двете концесии. Танушев пак вели дека за да се поверува треба да се види Студијата во која се образложени новите технологии што ги ветуваат.
За Танушев е спорно ова тврдење на Еуромакс, бидејќи тие имале доволно долг период во кој можеле да ја изменат технологијата за ископ и обработка на рудата и да ја преентираат пред јавноста.
Еуромаск тврдат дека нема да се користи цијанид, а ќе направиле и суво јаловиште за одложување на јаловината со кое ќе бидат заштитени подземните води. Тие очекуваат разгледување на нивното писмо и одогвор од надлежните. Компанијата тврди дека рудникот ќе биде јагледроно неутрален и дека ќе се труди да користи обновливи извори на енергија.
Сузана Мицева