Вести Македонија Топ вести

Велешанецот Панче Жежовски е убиен за долг од 500 евра

„Според исказите на осомничени во ЈО дадени ноќеска осомничените имале некаков должничко- доверителски однос односно Панче Жежовски должел некои 500 евра и затоа најверојатно е избран како жртва за да се земе колата за да се изврши грабнувањето“, вели Бубевски.

Тој објасни дека тоа за сега што го имаат како доказ за грабнувањето на Панче, убивањето на Панче и одземањето на неговото возило со цел во Скопје да се заврши криминалниот потфат.

Пензионерот Панче Жежовски е грабнат на 22 Ноември од својот дом. Убиен е и закопан на патот Велес-Скопје. Причината била долг од 500 евра кон групата предводена од Љупчо Палевски Палчо. Овие детали за смртта на 74-годишниот велешанец ги соопшти на денешната прес-конференција Обвинителот Гаврил Бубевски. Мотивот бвило да се земен неговото возило и да се искористи за грабнувањето на Вања.

Панче бил грабнат од неговиот дом  и земено неговото возило. По убиството на Панче истото возило двајца од тројцата осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска го користат за да во него со врзани раце и нозе и вреќа за спиење ја стават Вања и однесат кон Бразда во Чучер Сандево каде во 10 часот е убиена.

Од грабнувањето на Панче до грабнувањето на Вања ова возилко не било во движење не е никаде снимено од камерите на безбеден град.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НА КАФЕ СО КОЛА-БИТОЛСКО СЕКОЈДНЕВИЕ

Дејан Дејан

Бримора: Македонија мора да ја исполни обврската за уставни измени

Дејан Дејан

Рускиот претседател Владимир Путин е заинтересиран да разговара за траен мир со Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе