Вести Македонија Топ вести

Европската иднина на Македонија и на Западен Балкан

Декемврискиот самит на ЕУ нема да донесе датум за втората меѓувладина конференција со Македонија. Вицепремиерот Бојан Маричиќ сепак најавува продолжување на напорите за внесување на Бугарите во Уставот. Секоја идеја за изземање на овој услов и за промена на Преговарачката рамка ја смета за штетна илузија која ќе доведе до непотребно губење време.

-Од самитот можеме да очекуваме дека ќе бидеме поздравени заради успешниот скрининг и заради тоа што сме го направиле во делот на реформите. Секако ќе бидеме поттикнати да направиме повеќе во делот на владеење на правото и борба против корупцијата и ќе бидеме повикани да ги донесеме уставните измени. Треба да размислиме дали, заради додавање неколку заедници во Преамбулата меѓу кои и бугарската,  вреди да се блокира сопствената држава на неопределено време, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

На Конференцијата посветена на европската иднина на Западен Балкан, градоначалникот на општина Стари Град, Ирфан Ченгиќ, посочи дека евроскептицизмот во Босна и Херцеговина е во пораст. Ја обвини ЕУ за лицемерие и непочитување на сопствените правила.

-Кога ќе погледнете што се случува во Македонија и во Албанија – тоа навистина ги охрабрува сите евроскептици во Босна и Херцеговина и луѓето што не сакаат да работат на оваа тема – бидејќи работата не се исплати! Тоа  ЕУ го покажа на два примера: Македонија и Албанија и од друга страна: Украина и Молдавија. Тие две држави не ја контролираат својата територија, европските вредности повеќе се почитуваат на Западен Балкан, имаат поголема корупција! И тие ги отвараат преговорите, а Босна и Херцеговина – Почекајте уште малку!, рече градоначалникот Ирфан Ченгиќ од БИХ

„Европа мора да се подготви за проширување до 2030-та“, вели словенечката вицепремиерка Тања Фајон во интервју за МИА. Се согласува дека Македонија изоди трнлив пат и изгуби драгоцено време, но нејзината порака сега е – донесување на уставните измени заради заедничка европска иднина.

-Јас ги повикувам сите политички актери, одговорни актери, политички партии – да вложат напор за уставните измени пред `се во инетерес на граѓаните. Тоа е одговорност кон луѓето и сега е нужно итно државата да напредува и геостратешка можност е до крајот на 2030-та година да направиме скок, да ја поврземе Европа и Северна Македонија да стане членка на ЕУ, изјави за МИА министерката за надворешни работи и европски прашања на Словенија, Тања Фајон.

Наредната недела завршува скринингот на Македонија што траеше 15 месеци. До крајот на годината ќе бидат готови документите за патоказите за владење на правото, реформа на јавната администрација и демократските институции, како и акцискиот план за малцинства. Недоволно за отварање на поглавјата. Власта ја обвинува опозицијата за блокада на интеграциите, а ВМРО ДПМНЕ не дозволува уставни измени „под бугарски диктат“.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски избран за млад глобален лидер на Светскиот економски форум за 2025 година

Дејан Дејан

113 години од потонувањето на „Титаник“

Дејан Дејан

(ФОТО)Прв трансексуален машки фудбалски тим на Куба го започна својот прв натпревар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе