Вести Македонија Топ вести

Стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување во Струмица

Во Струмица стапуваат на сила мерките за справување со загадувањето на амбиенталниот воздух. Мерната станица покажала дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри кој согласно регулативата два последователни изнесувал над 150 mg/m3. Врз одлуката на МЖСПП влијаела и временската прогноза на УХМР.

Единиците на локалната самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

Во вакви случаи се препорачува да се избегнува престојување на отворен простор, се ослободуваат од работа бремените жени и повозрасните лица, лицата со хронични болести и сите други засегнати лица кои спаѓаат во оваа група на ранлива категорија.

Ова е прв пат годинава да се прибегне кон вакви препораки и мерки од почетокот на оваа грејна сезона.

Претходните денови и ситуацијата во Скопје беше алармантна. Главниот град во четвртокот се најде на 4то место на ранг листата најзагадени градови во светот.

На неславната листа беше во друштво со индустриски центри од Азија, Мумбај, Њу Делхи и Карачи. Тогаш беше измерено ниво на 20 пати поголема концентрација на ПМ 2,5 честички од годишната вредност на упатството за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе