Велосипедист кој денеска се рекреирал по тешко пристапна патека на Водно околу 15 часот паднал и се здобил со тешка телесна повреда, скршеница на колк.
Случајот бил пријавен прво на бројот за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи од каде веднаш била повикана Итната медицинска помош.
Поради тешко пристапниот терен лицето било извлечено со носилка и со помош на неколку случајни минувачи успешно било префрлено до возилото на брзата помош, информираат од ЦУК.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.